Бројот на заразени од Ковид-19 надмина 1,5 милиони граѓани, Кина предупредува за нов бран

0
76

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.521.030 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 88.563, а оздравеле 331.132 луѓе.

– Бразилскиот министер за здравство Луис Енрике Мандета објави дека обидите на Бразил да се здобијат со медицинска опрема од Кина за борба против корона вирусот не успеале и дека земјата ќе се сврти кон сопственото производство на респиратори.

– Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди за нов бран на инфекција со корона вирусот во земјата. Иако епидемијата во Кина е под контрола на прв поглед, се повеќе се појавуваат асимптоматски случаи. За само неколку дена, беа регистрирани околу илјада.

– Во два големи индиски града, Њу Делхи и Мумбај, од вчера е задолжително да се носат заштитни маски во јавност.

– Јужна Кореја забележа најголем дневен пораст на бројот на потврдени случаи на Ковид-19 за повеќе од шест недели, односно од 20 февруари. Во последните 24 часа има регистрирано 39 нови случаи на инфекција во таа земја.

– Околу 286 офицери на бродот „УСС Теодор Рузвелт“, ко се вкотви во Гуам, се позитивни за новиот вид на коронавирус. Досега се тестирани повеќе од 90 отсто од екипажот, а 2.2329 морнари се пренесени на брегот.

– Научниците предвидуваат дека Велика Британија ќе биде најтешко погодената земја во Европа и дека околу 66.000 луѓе ќе починат од компликации поврзани со Ковид-19 во Велика Британија.

Извор Фокус