Вечерва запленета над еден тон Марихуана

0
84

Вечерва во магацин во скопската населба Бутел откриени се 12 палети со 1240 килограми марихуана.

Таа била спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреки. Едно лице е уапсено на лице место и против него е поднесена соодветна кривична пријава.

Од настанот е циркулирана фотографија на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски со кеси марихуана во раце.