Владата на седница одлучува дали да се прогласи 14 дневен карантин во Куманово

0
80

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кој е од Куманово, не одговори прецизно дали ќе биде прифатено барањето на тамошниот градоначалник, градот да оди во 14 дневна изолација по примерот на Дебар. Барањето ќе се разгледува денеска на владина седница. Спасовски рече дека ќе го разгледаат барањето, но и објаснуваше која е разликата помеѓу Куманово и Дебар, и зошто истата мерка не кризна состојба не може да се преслика.

Сакам да кажам која е разликата помеѓу Дебар и Куманово. Во Дебар беше откриен првиот случај кога немавме ниту кризна ниту вонредна состојба на територијата и второ зошто тој момент ако имате едно подрачје во кое се наоѓа инфицирано лице, логично е да се затвори подрачјето за да не се шири вирусот надвор и од ова подрачје. Големината на градот, околината, опкружувањето на регионот кој што го опфаќа и ефектите кои што ќе ги дадат овие мерки, ќе биде основата за носењето на одлуката -изјави Оливер Спасовски, технички премиер.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски подолго време бара од владата, градот да се затвори по примерот на Дебар. Синоќа повторно побараа 14 дневен карантин, помош во заштитна опрема, помош во медицински персонал но и бараат да се донесе одлука со која, секој кумановец на улица задолжително да мора да носи маска. Општинскиот кризен штаб побара Институтот за јавно здравје најкасно за 48 часа да ги објавува резултатите од земените брисеви за корона вирус. Кризниот штаб заседава и денеска во Куманово.

Имаме сеница на штаб. Куманово ќе одговори позитивно на барањето на општина Липково и дел од своите расположливи сили на штабот во делот на дезинфекција и опремата која што ја поседува, ќе ги стави на располагање на општина Липково за справување и превенција со епидемијата на соседната општина – рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.