Власта и опозицијата денеска повторно се расправаа за вториот пензиски столб

0
129

Средствата што се уплаќаат во Вториот задолжителен приватен пензиски фонд државата да ги пренасочи во првиот задолжителен приватен фонд. На ваков начин осигурениците нема да загубат денар, а државата ќе добие дополнителни пари, предлагаат од ВМРО ДПМНЕ. Од партијата повикуваат овој предог Владата сериозно да го разгледа.

„Почнувајќи од март оваа година делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување кој се насочува кон едно од трите пензиски друштва за капитално финансирано пензиско осигурување, приватни пензиски фондови, одреден временски период додека трае кризата и последиците од неа да се уплаќа во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Оваа поддршка му е неопходна на државниот пензиски фонд со оглед на тоа што речиси 100% од пензиите на тековните пензионери се исплаќаат од овој фонд“, рече Трајко Славески-ВМРО ДПМНЕ.

Од владеачката парија остануваат на ставот дека со оваа мерка директно ќе им се кратат пари на граѓаните.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести и паника, додека предлагаат на граѓаните да им се земат пари од вториот пензиски фонд, Влада е презема суштински и ефикасни мерки. За да обезбедиме што повеќе средства, за оние кои се најпогодени од кризата, ги кратиме сите непродуктивни трошоци“, вели Богданка Кузеска- СДСМ.

Извор АлсатМ