ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ нема капацитет да им помогне на граѓаните, Заев и Филипче ја загубија довербата

0
73

Општинските штабови веќе не му веруваат на републичкиот кризен штаб, а цели градови се во паника и со човечки животи ја плаќаат суетата на Заев и соработниците.

Куманово и Прилеп станаа жаришта на заразата од Ковид-19, а власта не презема соодветни мерки за да се соречи заразата. Министерството за здравство доцни со обезбедување на заштитна опрема за здравствените работници кои со голи раце се справуваат со коронавирусот. Се доцни со спроведување на мерките во борбата против коронавирусот.

Министерот Филипче секој ден позира пред камерите, а не знаел дека целиот кризниот штаб на Куманово ги исполнил условите и бил тестиран од Ковид-19. Ваквото неодговорно однесување ја загрозува безбедноста и ги плаши граѓаните кои гледаат дека зад настапите на Филипче наместо работа и суштина, има само импровизација.

Политичките борби и пресметки, ги направија Прилеп и Куманово жаришта на корона вирусот.