Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-19

0
78

Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти.

Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на ковид-1. По градови:

– Скопје – 2

– Куманово – 9

– Штип – 2

– Тетово – 2

– Велес – 1

– Гостивар – 1

– Пехчево – 1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста.

Починати се тројца пациенти позитивни на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба на 6 април и веднаш поставена на респираторна машина.