Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19

0
74

Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови:

– Скопје -17

– Куманово -11

– Прилеп– 5

– Тетово – 3

– Кавадарци – 1

– Гостивар -1

– Крива Паланка -1

– Кичево -1

– Неготино -1.

Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.

Соопшти Филипче на својот facebook профил.