Во Италија денеска повеќе излечени отколку заболени

0
75

Новите инфекции од корона вирусот во Италија денеска се помалку од бројот на излечените, што е охрабрувачки знак за здравствените власти, иако бројот на починатите и натаму е висок – 464 (вчера беа 437). Со тоа вкупната бројка на починати изнесува 25.549 лица. Денеска имаше 2.646 новоинфицирани, што е помалку за 724 од вчера. Но бројката на излечените се искачи на 3.033 лица.

Важно е што се намалува и бројот на хоспитализираните – 934 помалку и што бројот на оние што се на интензивна нега е помал за 117 лица.