Во Сараево тестирани 66 лица ниту еден позитивен на коронавирусот

0
120

Во Клиничкиот центар при универзитетот во Сараево во текот на ноќта се тестирани 66 лица и сите се негативни на коронавирусот. Станува збор за земени брисови на лица од Сараево, Бихаќ и Цазин.

Во Босна и Херцеговина има евидентирано вкупно 859 заразени лица од коронавирусот, 101 досега се излекувало, а смртни случаи има 35.

Во Црна Гора утрово се регистрирани три позитивни случаи на коронавирусот, по што вкупната бројка достигна 255 лица.

Новите три евидентирани случаји се лица од Подгорица. Во последната анализа биле тестирани 49 поединци.

Извор 24Инфо