Во сообраќајка кај Зајас потешко повреден мотоциклист

0
71

Вчера околу 15.45 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар ,во близина на село Зајас, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале ПМФ „голф“ со кичевски регистерски ознаки и управуван од Р.Ј.(51) од село Колари и мотоцикл марка „гланз“ управуван од А.И.(31) од село Зајас. При оваа несреќа мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево. На местото на настанот увид извршила полицикска екипа од ОВР Кичево- информира Стефан Димоски потпарол на СВР Охрид. З.А.