Вработена во Геријатрија во Ѓорче Петров има корона вирус, серолошки ќе се тестираат сите сместени

0
87

Министерот за здраство Венко Филипче на денешната прес конференција инфромираше дека една вработена во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров има корона вирус.

-Во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров има дијагностицирано вработена, хигиеничарка. Направена е епидемилошка анета. Не дел од колегите им е препорачана самоизолација. Имајќи предвид дека во ваквите домови треба да се постапи со искучителна доза на внимателност, веројатно следната недела ќе пристапиме серолошко тестирање на сите сместени таму, рече Филипче.