Вработена во Клиниката за онкологија заразена со корона вирус

0
97

Вработена во Клиниката за онкологија е заразена со корона вирусот, пренесува ТВ 24.

Оваа информација ја потврдил и директорот Нино Васев кој ја добил информацијата од семејството на заразената.

Пациентката е хоспитализирана во Општата болница „8 Септември“ и според информациите на ТВ 24, се наоѓа на кислородна поддршка.

Заболената, според Васев работела како транспортерка и пренесувала медицински материјал, а во одредени случаи и пациенти на дополнителни прегледи надвор од Клиниката за онкологија.