Големи казни за 62 струмичани

0
81

За обвинетите кои се товарат дека не го почитувале полицискиот час, обвинителството на судот му предложи на секој од нив да изрече парична казна во износ од по 100 дневни глоби.

Основното јавно обвинителство Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 69 лица кои во одделни кривично правни настани го извршиле кривичното дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Седуммина од обвинетите не се придржувале на мерките за задолжителна самоизолација. За време на пандемија од глобални размери, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуват мерки за нејзино сузбивање или спречување, како и според одлуките на надлежните институции.