Грчки инфектолог предупреди: „Коронавирусот предизвикува и мозочен удар

0
122

Коронавирус SARS-CoV-2 предизвикува невролошки оштетувања кај мал број пациенти кои развиваат потешка клиничка слика.

Грчкиот инфектолог, воедно и лидер на кризниот штаб, д-р Сотириос Циодрас изнесе нови податоци до кои дошол со тим невролози од цел свет според кои околу 15 отсто од пациентите кои развиваат потешки симптоми, можат да имаат невролошки оштетувања предизвикани од Ковид-19.

„Освен веќе познатите симптоми – температура, кашлање и потешкотии во дишењето, одредени пациенти развиваат и дисфункција на менталниот капацитет, збунетост, летаргија, епилепсија, па дури и мозочен удар“, рекол Циодрас на своето редовно обраќање кон грчката јавност.

Циодрас појасни дека такви лучаи се потврдени и кај луѓето кои имале најтешка клиничка слика од сезонскиот грип.