Двајца полицајци повредени во судир на две комбиња и автомобил кај Кавадарци

0
77

Двајца полицајци завршиле во болница по судир на комбито во кое се возеле со друго комби и автомобил, информирше МВР.

Според полицијата, сообраќајката се случила вчера околу 7 часот на патниот правец Кавадарци- Неготино. Тогаш полициски „цитроен џампер“, што го управувал Р.К., се судрил со комби „ивеко турбо дајли“, управувано од Т.Л.(36) од село Ваташа, како и автомобил „ауди А8“, што го управувал З.К.(56) од Кавадарци.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле полициските службеници Р.К. и неговиот сопатник М.В..

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициска станица Кавадарци.