Демократи: Неразумен предлог на Стопанската комора да се зголеми акцизата за нафтените деривати за 2 денари

0
79

Демократи сметаат дека во оваа катастрофална економска криза во која се наоѓа нашата држава како последица од корона-вирусот, да се побара ваква мерка од Стопанската комора да се зголеми акцизата на горивата за 2 денари, со што би се зголемил буџетот месечно 3.8 милиони евра, или годишно 46 милиони евра, не само што е неоправдана, нехумана, несолидарна, туку е и неразумна.

Со зголемување на цената на горивата не’ само што малите и средните претпријатија ќе бидат најповеќе финансиски оштетени, туку и граѓаните ќе имаат штета преку зголемување на цените на производите и услугите кои се веќе многу високи.

Бараме од Владата да донесе одлука да не се прифаќа предлогот од Стопанската комора да се зголеми акцизата на нафтените деривати за 2 денари!