Деркоски: Да се одреди изборен ден и организацијата на изборите да почне од почеток

0
103

Парламентарните избори повторно да се организираат од почеток, со нивно распишување, за да не може некој да го оспори нивниот легитимитет, смета претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски.

– Има многу отворени прашања што сите политички фактори во земјата треба да ги решат, рече Деркоски во интервју, кој смета дека Уставниот суд треба да се вклучи во надминување на правната празнина во однос на решението за распишување на параментарните избори, односно да се преиспита решението на претседателот на Собранието за денот на изборите и како тоа решение да се измени со друг датум.

Условот за да има избори, потенцира тој, е да се одреди изборен ден, а ДИК не е надлежна да определи изборен ден.