ДЗС во текот на денот ги дислоцира петте гранати што војската ги најде вчера кај ГК 51/14 на границата со Грција

0
70

Гранична патрола на армијата вчера пронајде пет неексплодирани гранати близу граничниот камен 51/14 односно на линијата на разграничување со Грација помеѓу селата Стојаково и Селемли. Пронајдените гранати се од првата светска војна и се откриени во старо лозје кое се ископачило но при орањето најверојатно тактористите не забележале дека во ораницата на површина излегле неексплодираните гранати. Местото е планинско и добро обележано но нема многу движење што според луѓето од дирекцијата за заштита и спасување е добра околност за безбедно да се расчисти теренот од остатоците од некогашниот солунски фронт.

За настанот се известени надлежните служби и МВР за натамошна постапка и подигање на гранатите. Во текот на денот се прават сите подготовки од стручните лица за во раните утрински часови гранатите да бидат подиганти и сместени на безбедна локација во дирекцијата за заштита и спасување. Постапката понатаму предвидува еднаш годишно на воениот полигон на криволак заедно со сите други вакви неекслодирани средства да бидат безбедно уништени проследени со сите безбедносни протоколи.