Докторите откриле нова, смртоносна последица од коронавирусот

0
96

Мајкл Реган, 49-годишен Американец кој се заразил со коронавирус кон крајот на март, конечно почна да се опоравува по неколку недели домашно лекување.Тој, како и многу други, имал висока температура и останувал без здив, но исто така имал и крвава кашлица.Реган, кој работи за биомедицинска компанија, го примал лекот против маларија хидроксихлороин, заедно со антибиотикот азитромицин (попознат како Сумамед) како дел од клиничкото испитување за ефикасноста на овие лекови против коронавирус.Но, Реган започнал да чувствува остра болка во градите на почетокот на минатата недела со враќање на високата температура.Тој отишол во болница, каде што лекарите му рекле дека има пневмонија поврзана со коронавирусот. И тогаш пулмологот му рекол дека има десетици мали згрутчувања на крвта во белите дробови.„Се чувствувам како да има отров во моето тело“, изјави Реган за Бизнис Инсајдер. „Немав поим дека згрутчување на крвта може да предизвика такво оштетување“, додаде тој.Tој морал да остане во болницата, каде му бил даден активирач на плазминогено ткиво, протеин кој се користи за лекување на мозочни и срцев удари затоа што ги разложува згрутчувањата на крвта. Следниот ден бил испратен дома со лек против згрутчување на крвта.Реган имал среќа на крајот, но неговиот случај е само последниот потсетник за тоа колку сè уште има непознати за Ковид-19 и неговиот ефект врз телото. Респираторната инфекција е, се разбира, главен симптом на инфекцијата кај овој коронавирус, како и тешка пневмонија што е главната причина за смрт кај сериозно болните пациенти.