ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

0
69

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на Ковид-19.

Шемата наречена SURE ќе обезбеди вкупно 100 милијарди евра заеми за земјите членки на ЕУ за да се спречат милионските отпуштања работници. Планот е инспириран од германскиот модел со кој работниците би работеле скратено работно време, но би добивале целосни месечни плати.

Идејата е Европската комисија да земе заем на меѓународниот пазар и да го пренесе на членките, што ќе им обезбеди значително подобри услови на земјите со кревка економија.
Сепак, многу е неизвесно дали земји како Германија и Холандија, кои традиционално се спротивставуваат на мешање на долговите, ќе го одобрат последниот предлог на Комисијата.