Жител на Рача лажел дека е киднапиран, наместо пари за откуп ќе заработи кривична пријава

0
71

Жител на Рача ќе заработи кривична пријава за лажно пријавување на киднапирање. Неговиот брат вчера во охридаката полиција пријавил оти добил порака во која наводни киднапери бараат откуп за најблискиот роднина, кого полицијата подоцна го пронашла жив и здрав.

На 17.04.2020 година, во 22.10 часот, СВР Охрид, во координација со полициски службеници од Секторот за општ и насилен криминал во МВР, го пронајде Б.П.(33) од охидската населба Рача. Тој, на 16.04.2020 година во 13.05 часот, на мобилниот број од неговиот брат, испратил порака дека е киднапиран од непознати лица кои, му барале пари за негово ослободување. – информира СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид најави дека ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување кривично дело.