Загина штипјанец при работа во каменолом

0
80

Педесет и двегодишниот Љ.А. од Штип загина при работа на каменолом, информира полицијата.

Според нивните информации, вчера во 8:35 часот од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив било донесено починато лице.

Штипската полиција заедно со обвинителството и Инспекторатот за труд извршиле увид на местото на настанот и било утврдено дека лицето го загубило животот при извршување на работни задачи.