Затворениците во истражниот затвор се закануваат со штрајк со глад доколку не бидат спроведени заштитни мерки

0
79

Затворениците во Истражниот затвор Скопје бараат заштитни мерки , во спротивно ќе штрајкуваат со глад . Ова се случи откако се потврди дека починал затвореник позитивен на корона вирус. По средбата на затворениците и директорто Есад Рахиќ, затвореници за Телма изјавија дека од управата бараат тестирање на сите затвореници, нивно раздвојување во келиите , ослободување на оние со најлесни казни за да се ослободи простор во затворот.

Претходно, затвореник позитивен на Ковид почина во истражниот затвор Скопје. Вирусот му е откриен постмортем затоа што тој починал вчера во келијата а брисот е земен по неовата смрт . Дошол во затворот на 8-ми март со притвор за полесно кривично дело и за неколку дена требало да го напушти притворот.

Од Институтот за судска медицина за Телма соопштуваат дека е направена обдукција на починатиот,земени се хистопатолошки примероци и крв за да се утврди причината за смртта . Обдукцијата на починатите кои имаат корона вирус се прави само во случај кога смртта има околности кои треба судски да се истражат.

Извор Телма