Здравствени експерти повикуваат: Пушачите да се откажат од цигари, тутунската индустрија да запре со работа поради Ковид-19

0
104

Здравствени експерти ги повикаа пушачите да ги остават цигарите, но и тутунските комбинати да престанат да произведуваат и продаваат тутунски производи за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

-Најдоброто нешто што тутунската индустрија може да го направи во борбата против Ковид-19 е во истиот момент да престане со производство, маркетинг и продажба на тутун, изјави Ган Куан, здравствен работник и директор на меѓународниот синдика во борба против туберкулоза и белодробни болести, пренесува хрватски индекс.

Експерти од подрачјето на респираторни болести и специјалисти за белодробни заболувања се загрижени за влијанието на Ковид-19 на 1,3 милијарди пушачи во светот, особено во оние земји во кои здравствените системи не се најдобри.

Пушењето е познато по тоа дека го ослабува имунитето, односно го прави послаб во реакција против инфекција. Пушачите исто така можат да имаат белодробни болести или намален капацитет на белите дробови што значително го зголемува ризикот од нови заболувања.

Извор Press24