Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Ростуше

0
66

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 00 часот и 43 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 71 km југозападно од Скопје во Ростушe, а потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот беше со јачина од 3 степени, а беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.