Зибери: Одлуките на собранието во вонредна состојба може да се носат само со двотретинско мнозинство или 80 пратеници

0
103

Поранешниот пратеник и министер Насер Зибери смета дека иницијативата од страна на владејачката партија СДСМ за повторно свикување на веќе распуштеното собрание не е паметна работа, додавајќи дека согласно член 125 одлуките собранието може да ги потврди во случај доколку за предлогот гласаат 80 пратеници или двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници во собранието, што во случајот не се.

Mислам дека предлагање на свикување седница со ваква точка односно на точки на дневен ред милслам дека не е многу паметно, без притоа да се обезбеди потребното мнозинство кое впрочем ќе ги носи одлуките, а според член 125 значи одлуките Собранието може да ги потврди доколку за предлогот гласаат 80 пратеници или двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници, што во случајот по се изгледа дека не се, вели Зибери во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на Телма телевизија.