Исјановски: Брисеви се земаат на четири пункта, ако треба ќе се отвори и петти во Ѓорче Петров

0
80

Брисеви за тестови за коронавирус во моментов се земаат на четири пункта во поликлините во Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан, а доколку Министерството за здарвство пројави потреба подготвени сме да отвориме и нов петти пункт во поликлиниката во Ѓорче Петров, за да се опфати и тој дел од Скопје, каде има многу жители, изјави вечерва директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исјановски.

На прашање за забелешките од граѓаните дека многу се чека на закажување термини за тестирање, тој во гостувањето на емисијата Топ Тема на ТВ Телма, истакна дека тоа зависи од одговорите на епидмиолошкиот алгоритам.

– Закажувањето за тестирање оди преку матичните доктори по попполнување на одрден епидемиолошки алгоритам каде пациентот кој ќе ги каже своите симптоми и во зависност од нив матичниот доктор преку Мој термин му закажува термин. Пациентите при тоа не мора лично да отидат на доктор туку тоа можат да го сторат по телефон. Термините се на 10-тина минути, рече Исијановски.