Италијански професор ја шокираше јавноста: Само кај 2% од починатите причина за смрт е коронавирусот

0
257

Кај многу мал процент од луѓето што починаа во Италија корона вирусот е вистинска причина за смрт, изјавил научен советник во Министерството за здравство на Италија, Волтер Рикиарди.

Професорот Рикиарди повикува вонредната состојба поради корона висусот да се стави на прво место.

-Не треба да го потценуваме овој вирус, но треба во однос на болеста која корона вирусот ја предизвикува, да го смениме пристапот.

Од 100 лица кои се заразуваат со вирусот, 80 се опоравуваат спонтано, додека 15% од заболените имаат сериозни проблеми за хоспитализација, а 5% потешки проблеми, изјавува Рикиарди.

Тој посочува дека кај само мал број на пациенти, околу два проценти корона е единствена причина за смрт, а додека за повеќето, тоа биле други патологии кои биле во тек, додека корона вирусот е дополнителен поттикнувач.

Рикиарди претходно изјавува дека во Италија секој што е хоспитализиран поради корона вирусот, се води како жртва од овој вирус, иако 88% од пациентите умираат од други болести кои ги имале.

Сакам да запомните дека луѓето умираат претежно со корона вирусот, а не поради корона вирусот, заклучува советникот.

Извор Курир