И ОВАА ГОДИНА ЧУДО ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се симна на Христовиот гроб!

0
96

Благодатниот Свет оган чудесно слезе на Велика Сабота во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во храмот на Светиот гроб во Ерусалим.

Светиот оган ја симболизира чудесната светлина на Воскресението Христово, за што зборува уште апостол Павле и се смета за најголемата светиња за верниците. Неговото појавување во пресрет на Велигден со молитвите на православниот патријарх, свештенството и илјадници аџии, без разлика на регуларноста, се нарекува „чудото на Светиот оган“.