Караџовски: Кога се ќе заврши, ќе испитаме кога точно се појавил ковид-19 во Македонија

0
87

Институциите ќе истражат дали вирусот ковид-19 се појавил во Македонија многу порано од првиот детектиран случај, изјави епидемиологот од Институтот за јавно здравје Жарко Караџовски во денешната видео-сесија во Владата посветена на прашања за коронавирусот.

Посочувајќи го наглото зголемување на бројот на заболени од грип , Караџовски вели дека симптомите меѓу ковид-19 и грипот се многу слични, како и нивниот клинички почеток.Детална анализа вели ќе има откако епидемијата ќе стивне.

„Кога ќе заврши се, во посреќни времиња, ќе направиме истражување во кое што ќе кажеме точно дали некој од овие случаи регистриран како заболени од грип во сезона 2019/2020 можеби имале ковид 19. Ќе ги повториме примероците кои ни се зачувани во лабараторија и ќе видиме дали меѓу нив имало некој со коронавирус“,

изјави Караџовски.