Кривична пријава против Тричковски, му се заканувал на Мицкоски

0
91

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против 68-годишниот Бранко Тричковски од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ.

Имено, пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.