Лишен од слобода З.Д.(40) од Гостивар

0
79

На 09.04.2020 околу 18.30 часот, во непосредна близина на наплатната станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода З.Д.(40) од Гостивар, затоа што при негов и преглед на возилото „тојота авенсис“, со гостиварски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот против З.Д. ќе следува поднесок.