ЛУКАШЕНКО-19: ЌЕ ГО ПОБЕДИМЕ ВИРУСОТ СО ВОТКА, САУНИ И ВОЗЕЊЕ ТРАКТОР

0
87

„Секоја пролет е некој вирус, така и сега е некој коронавирус“, оптимистички ќе каже белорускиот асимптоматски лидер кој „лично ги анализирал податоците“ (има човекот завршено Земјоделско) и видел дека тука нема ништо страшно. Во отсуство на официјални бројки на кои им се верува, луѓето во Белорусија почнуваат меѓусебно да се информираат за состојбата со испишување графити со тоа колку жртви има во маало.

„Вибетск, 22 лешеви, останете дома,“ пишува на некој ќош во центрот на Вибетск, четврти по големина град во Белорусија, држава која водена од Александар Лукашенко, одбива да влезе во она што тој го нарекува „корона психоза.“

Такви графити има сè почесто во Вибетск, Минск и другите градови од земјата, иако органите на редот регуларно ги премачкуваат. Се разбира, никој не може да знае колку напишаното е точно или дали реалноста веќе го има апдејтирано графитот.