Луксембург започна со ублажување на мерките

0
85

На граѓаните и понатаму им е препорачано во затворени простории, јавен превоз или продавници, обавезно да ја покриваат својата уста.

Како што наведува „Ројтерс“, премиерот Ксавејер Бетел минатата седмица изјавил дека во случаите кога не е можно одржување на безбедносна дистанца од два метри преку устата треба да се носи маска или ткаенина како шал.

Луксембург има 626.000 жители, а локалните власти на сите ќе им подели по пет маски со цел да се заштитат, наведува „Ројтерс“.

Во првата фаза на ублажување на мерките, повторно ќе бидат отворени градилиштата, општинските рециклажни центри, продавниците за прибор за домакинство и градинарските центри, додека во следниот месец постепено ќе почнат да работат училиштата, но децата наизменично преку една недела ќе одат во училиште а наредната ќе учат од дома.