Маж застрелан во нога во Петровец, не се знае дали му пукал некој или сам си пукал во нога

0
73

Маж со прострелна рана во Петровец и двајца повредени, меѓу кои една жена завршија во болница по меѓусебна расправија и тепачка во атарот на скопското село Петровец.

Случајот го пријавил триесет и деветгодишен жител на селото Чифлик.

Тој вчера ооколу 14 часот отишол во полиција и пријавил дека во Петровец деветнаесетгодишник му пукал во ногатана местото Шамак. Полицајците излегле на лице место и таму го пронашле момчето со повреда на главата од тап предмет, кое пак тврдело дека застреланиот го нападнал, а потоа сам си пукал во ногата. Освен овие двајца, повредена била и една жена, сестра на деветнаесетгодишното момче.

Сите добиле лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.