Малолетник и 43-годишен кумановец повредени при несреќа со мотоцикл за време на полициски час

0
86

На локалниот пат меѓу селата Гороно Коњари и Четирце вчера (19 април) во попладнвните часови, додека на сила беше целодневен полициски час, во незгода со мотоцикл повредени се 43-годишен кумановец и неговиот 17-годишен сопатник.

Како што информираат од МВР, управувајќи мотоцикл „jамаха“, 43-годишникот од кумановско Четирце изгубил контрола над мотоциклот, по што паднал на коловозот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди, а со повреди се здобил и 17-годишниот сопатник, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска п омош.