МАЈКА И СИН ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО СТАН ВЕЛЕС

0
71

На 06.04.2020 во СВР Велес било пријавено дека во нивниот дом на ул.„Ѓорги Војтех“ биле пронајдени починати К.М.(79) и В.М.(53), без траги на насилство, информира МВР.

Неподносливата миризба која се ширела од станот на Катерина Маноилова и нејзиниот син Ванчо ги натерала соседите да пријават во полиција. Утрово пожарникарите ја скршиле вратата од станот.

Од ОЈО Велес најавија дека телата ќе се предадат на обдукција за да се утврди причината за смр тта.