МВР: Кривични пријави за уште 23 лица за протестот во Ченто

0
80

MВР до ЈО поднесе кривична пријава за кршење на забрана за движење за 23 лица кои беа дел од протестот во населбата Ченто за време на полициски час на 13 овој месец. Тие се товарат по член 206 од КЗ за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Од МВР денеска соопштија дека се работи на идентификација и на други лица, кои на 13 април во 22 часот се собраа на улица во оваа скопска населба во знак на протест против приведувањето на три лица од населбата кои за време на полициски час поставувале лежечки полицаец.

„Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во изминатиот период беа преземени активности насочени кон целосно расчистување на настанот и идентификување на учесниците во истиот. Во таа насока до овој момент, освен трите лица кои првично беа приведени и за кои веднаш беше поднесена кривична пријава, дополнително по извршена оперативни активности идентификувани се уште 23 лица. Тие се повикани во полициска станица и со истите е извршен службен разговор, за што е изготвена соодветна документација“,

соопшти МВР.