Медицински екипи земаат брисеви од затвореници и вработени во затворот во Шутка

0
86

Прегледи брисеви епидемиолошки анкети, 30тина притвореници вчера биле проверувани од медицнските екипи во истражниот затвор Скопје откако притвореник починат од срцев удар постмортем покажал позитивни резулатати на тестот за ковид 19. Скринигот во затворот во Шутка продолжува денеска најавија од министерството за здраство

Министерство за здравство: Денеска, во истражниот затвор во Шутка се испратени појачани медицински екипи на здравстениот дом кои ќе направат прегледи и ќе земат брисеви од сите кои престојувале во истото одделение со починатиот, а прегледани и тестирани на Ковид -19 ќе бидат и вработените во одделението.

Во затворот во Шутка има келии со по двајца до по 8 мина притвореници во една просторија. Според нашите информации починатиот притвореник бил во иста просторија со уште 3 ца цимери. Тие се меѓу првите кои се контролираат.