Мицкоски: На економијата и требаат итни мерки и пари веднаш

0
70

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека итно треба да се искористат средствата што државата ги има на располагање дома, со цел побрзо да се вбризгаат во економијата и да се санираат штетите од кризата со ширењето на коронавирусот, а во меѓувреме да се бараат пари и од надвор за да не дојде до нејзин целосен колапс.

Тој гостувајќи во „Само интервју” на Канал 5 телевизија истакна дека парите што се бараат од надвор може да стасаат предоцна, кога, како што рече, нема да има кому да се помогне, што би било случај и кога државата би се одлучила парите од дома да ги користи на крај ако не најде на светските финансиски пзараи од каде да позајми.

Дека состојбата со собирањето средсвата за Буџетот е сериозна, според него може да се види и од податоците на Управата за јавни приходи според кои во првите три месеци од планирани 22 милијарди денари успеала да собере, само 19 милијарди денари, што е за три милијарди денари или 50 милиони евра помалку. Прашање е, рече тој, што ќе се случи, во април кога ќе треба да се соберат приходите за март и колку тие ќе бидат пониски од планираните. Ова е рече, еден сегмент од полнењето на Буџетот, но потенцира, јасно говори што се случува и ќе се случува.

-Ако според целокупната информација што доаѓа до мене сето она што го имам како информација дека оваа криза отприлика ќе трае до, да речеме, првата половина или втората половина на јуни, кога ќе почне да се нормализира економијата, тогаш мене ми е важно како да имам јавна потрошувачка и да не ми застане економијата да ги обезбедам бизнисите со вработените за март април и јуни, што е од прилика 48 до 50 милијарди денари или околу 800 милиони евра, рече Мицкоски.

Извор Вечер