Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Богданци

0
99

На 15.04.2020 во 07.30 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Богданци се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „лингкен“, без регистарски ознаки управуван од С.Н.(57) од Богданци и патничко возило „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од П.А.(36) од с.Градашорци.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа „Здравен дом“ – Гевгелија, за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.