Најмногу од новозаразените се од Куманово, градоначалникот бара кризна состојба, министерот вели дека нема потреба

0
137

Речиси половина од заболените последното деноноќие се од Куманово со што продолжи трендот со кој оваа општина во последно време е на врвот на листата со најмногу ново заболени. Лошиот биланс последните 24 часа го надополнија и два смртни случаи, со што Куманово има и најмногу починати од Ковид-19.

Општината, која една недела пред сите во земјава почна со построг полициски час, бара 14 дневен контролиран карантин и воведување на кризна состојба. Низ 12 точки кризниот штаб и градочаланикот предлагаат како би функционирал градот под карантин. Се предвидува затворање на сите излези и влезови од градот а дозволи за движење да имаат оние што се професионално ангажирани во институциите и стопанството. Ситуацијата е сериозна, порача градоначалникот Димитриевски

Министерот Венко Филипче се уште смета дека нема потреба од дополнитлени мерки за Куманово, со оглед на тоа што цела држава е под полициски час за време на продолжениот викенд, но и градот нема меѓуградски и градски јавен превоз а важат и сите останати мерки за цела држава. Посочува дека Дебар бил ставен во карантин затоа што тогаш во останатиот дел од државата немаше мерки како сегашните.

Еден од критериумите и информациите врз основа на која ги носиме одлуките и тоа дали треба дополнителни мерки е од каде се докажаните пациенти, дали од луѓе кои ги имаме во предвид како што ги следиме и тоа е така, како примарни контакти во автоизолација, се луѓе кај кои е дијагностицирана болеста и тоа е причина зошто не се носи поинаква одлука. Секојдневно ја пратиме ситуацијата, ако има други информации за појава на поголем број пациенти кои не можат да се поврзат со тие дијагностицирани пациенти, не се исклучува можност, но засега не, рече Филипче.

Извор Телма