Нема да се затвори Центарот за јавно здравје во Велес

0
72

Центарот за јавно здравје во Велес ќе продолжи да прави тестови за Корона – секој ден освен утре. Вторникот е резервиран за тестови на персоналот откако тројца нивни колеги од административната служба испаднале позитивни како асимптоматски носители на вирусот. Дел од вработените во установата испаничиле и сега сите сакаат најпрво да бидат тестирани за да се знае дали има други заразени и да видат кој од нив ќе треба да оди во самоизолација.

„Утре Центарот се тестира самиот себе и не ги земаме останатите брисеви, за да видиме ние вработените дали има некој друг заразен помеѓу нас. Се надевам дека брзо ќе пристигнат резултатите и ќе се прегрупираме. За понатаму ќе видиме ако евентуално има позитивни. И нам ни треба проверка,“ изјави Димитриев – Директор на ЦЈЗ Велес.

Вчера и велешкиот градоначалник Аце Коцевски во изјава за Телма кажа дека мора да се изнајде модус, ако треба и да се повикаат мобилни екипи кои ќе земаат брисеви од велешани. Во секој случај, градот да не смее да остане без тестирање за Ковид-19