Нема заболени од коронавирус меѓу здравствените работници кои денес беа тестирани

0
100

Нема новозаболени здравствени работници од КОВИД -19, покажале резултатите од тестирањето коешто денеска е спроведено на 210 вработени во Кумановската болница, соопшти попладнево министерот Венко Филипче по работна посета на Општата болница Куманово.

„Денеска спроведовме тестирање кај 210 вработени со серолошки тестови. Резултатите досега покажаа дека нема суспектни медицински лица и тие се во добра здравствена состојба. Со оваа стратегија на тестирање ќе продолжиме и понатаму и ќе ја применуваме на целата територија на државата прво меѓу здравствените работници, а потоа и меѓу граѓаните“, – изјави Филипче.

Од околу 700 вработени, во Кумановската болница заболени со коронавирус се 47 здравствени работници, а околу 80 се во самоизолација.Сите позитивни се во стабилна здравствена состојба и немаат тешка манифестација на болеста.

„Голем проблем тука се здравствените установи, коишто во одредени моменти се третираа и како извор на проблемот. Поради тоа, вчера донесовме одлука за масовно тетирање на сите здравствени работници во општината. Уште од денеска се почна со 200 тестирања. Идејата е сите здравстевни работници, независно дали биле во контакт или не, независно од која хиерархија се, од директорот до последниот вработен да бидат тестирани. На тој начин ќе можеме да ги изолираме тие што се позитивни, а се асимтоматски“, рече Османи.