Обвинителството со 500 кривични за лица кои не ги почитувале мерките

0
74

Јавното обвинителство поднело кривични пријави против повеќе од 500 лица за непочитување на мерките за спречување или сузбивање на болеста КОВИД-19.

Само во Скопје се пријавени 178 лица кои не ги почитувале пропишаните мерки.

Збирна информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од Кривичниот законик, како и по пријави за непочитување на мерки за спречување или сузбивање на КОВИД-19 се однесува на периодот од 17 март до 7 јули и секојдневно се ажурира.