Од утре забрана за влез и излез во Тетово

0
73

Во меѓувреме Владата викендов донесе и заострени мерки кои се однесуваат на Куманово, Тетово и Прилеп како најпогодени од Ковид-19. Од утре се забранува влез и излез од овие градови. Од среда пак, ќе биде забрането граѓаните да се движат надвор од нивните домови без заштитна опрема, маски и ракавици.

Првите денови, брифираат од Владата, оние кои нема да ја почитуваат ова мерка, ќе добиваат опомена, но потоа ќе следуваат и казни, при што лицето што не носи маска, ќе треба да биде и фотографирано од полицискиот службеник како доказ за прекршокот.

Дополнително, Владата им препорача на граѓаните од овие општини да не излегуваат надвор од своите домови без причина, а набавката на продуктите за живот да ја прави само едно лице од семејстото.

Од утре пак на подрачјето на општина Тетотво се забранува и организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез.

Извор Сител