Пандемијата ги „нокаутира“ економските активности во еврозоната

0
93

ММФ предвидува економски пад во еврозоната од 7,5 проценти.

Економските активности во еврозоната за месец април бележат нов рекорден минимум, што е уште еден знак дека пандемијата од корона вирусот предизвикува огромна економска штета во целиот регион.

Индексот на набавки (PMI), кој ја мери активноста на производството во индустријата и секторот услуги, во април запре на 13,5 поени, се вели во прелиминарните статистики на аналитичката компанија „HIS Markit“.

Овој индекс во март забележа најголем поединичен месечен пад, односно се спушти на 29,7 поени, пренесува „CNBC“.

Вредноста на „PMI“ индексот под 50 поени укажува на пад на вкупниот економски раст.

– Економијата во еврозоната трпи несогледлива штета поради мерките кои се спроведуваат за запирање на ширењето на корона вирусот, намалувањето на светската трговска размена, се вели во соопштението на Крис Вилијамс, главен економист во „I HS Markit“.

Извор Слободен Печат