Пановски: Тие што сега бараат најстроги мерки, истите за месец дена ќе почнат да викаат доста е

0
93

Докторот Никола Пановски во своето гостување на „Само Вистина“ на „Канал 5“ ТВ изјави дека „општеството мора да функционира“ и дека мора да живееме со вирусот и да створиме колективен имунитет.

– Луѓето викаат дека треба цела Македонија да се стави во карантин и на тоа инсистираат, дури и опозицијата која треба да биде полиберална. Сакаат се да се затвори но со која цел? Кој ќе не храни нас,ако самите не се храниме? Кој е тој пријател кој ќе ни носи храна? Можеби на Србија Кина ќе и носи, нас нема кој да ни носи. Значи ние мора да живееме со вирусот, да го контролираме, вели тој.

Според него луѓето не треба уште во јуни да почнат да одат по гости и да прават скари, бидејќи по месец-два повторно луѓето ќе треба да одат во карантин и децата нема да тргнат во училиште, па ќе се чека вториот пик, додека не се создаде колективен имунитет или не се најде вакцина.