Парични казни против пет лица од Радовиш, за непочитување на полицискиот час

0
80

Скопје, 9 април 2020 () – Основното јавно обвинителство Радовиш побара парични казни во висина до 100 дневни глоби за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Радовиш. Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле во градот.