Пациент позитивен на коронавирус избегал од болница: Полицијата трага по него!

0
87

Според последните податоци, од коронавирусот во Русија починале 361 лице.

Полицијата во градот Шахти, кој се наоѓа на југот на Русија, трага по пациент позитивен на коронавирусот кој избегал од болницата, соопшти полицијата во Ростовската област.

– Локалниот Центар за борба против коронавирусот пријави во полиција дека еден од пациентите на кои претходно му била дијагностицирана инфекцијата со коронавирус, вчера избегал од медицинска установа – изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека тие се обидуваат да го пронајдат човекот.